Изненадувачка промена беше направена во распоредот на фудбалското првенството на Белорусија. Мечот од третото коло помеѓу Витебск и Смолевичи ќе се игра во Борисов.
Според белоруските медиуми, промената на местото на одигрување на средбата в недела е поврзана со сложената епидемиолошка ситуација во градот. Две од четирите жртви на Коронавирусот во Белорусија се од градот Витебск. Но, од Белоруската фудбалска федерација објавија дека средбата е одложена поради лошите временски услови во Витебск.
„Во последните денови, просечната дневна температура во Витебск е под нулата и поради тоа, состојбата на теренот предизвика голема тревога во клубот домаќин. Ни беше испратено барање за преместување на двобојот. Ги разгледавме аргументите на Витебск и по консултациите, барањето е одобрено”, велат од Фудбалската федерација на Белорусија.
Шампионатот во Белорусија е единствен во Европа кој уште не е запрен и сите мечеви се играат со публика на трибините.