Митев: „Ќе го оставиме срцето на терен, за нас, за Македонија“

Ракометната репрезентација на Македонија утре го започнува настапот на Светското првенство во Хрватска, а нашите репрезентативци денес ја имаа официјалната прес-конференција пред стартот на шампионатот.

Средниот бек на Македонија, Марко Митев, е оптимист, најавува беспоштедна борба, но и остварување на целта, а тоа е пласман во Главната рунда од Светското првенство.

„Со нетрпение го чекаме стартот на Светското првенство. Имавме долго време да се подготвиме и да се посветиме на анализа на првиот противник. Унгарија е фаворит во нашата група, за тоа говорат и нивните резултати од претходните големи натпреварување, ни и составот со кој ќе настапи. Иако сме аутсајдери на овој натпревар, сепак нашата цел е да се надигруваме со Унгарците и трпеливо да ја чекаме нашата шанса. Ме радува одличната атмосферата во тимот, сите се желни да го дадат максимумот. Ќе го оставиме срцето на теренот, за нас, за Македонија, за сите кои ќе не бодрат во Вараждин и оние пред ТВ-екраните. Нашата цел е да одиграме цврсто во одбраната, да создадеме што повеќе полуконтри. Мора да бидеме фокусирани сите 60 минути и секако да го испочитуваме договореното. Нашата цел е пласман во главната рунда, нема да мислиме само на победа над Гвинеја, туку со ваков менталитет ќе влегуваме на секој меч.“ – рече Марко Митев на ден пред мечот против Унгарија.

Мечот помеѓу Македонија и Унгарија се игра утре во Вараждин со почеток во 20:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести