Марко Митев со 7 голови беше еден од најдобрите македонски ракометари вечерва против Естонија, а неговиот имењак Марко Кизиќ со пет одбрани во второто полувреме го олесни патот до планираната победа која се очекуваше да биде и поубедлива од конечните 37-33.
„Беше многу потешко од тоа што го очекувавме, потфрливме малку во одбраната. Но, кога требаше, дојде помошта од голманите и тоа беше клучно за да победиме на овој натпревар. За мечот со Литванија се надевам дека ќе се спремиме подобро, ќе мора да одиграме многу подобро во одбраната, па и во нападот, да ја подобриме реализацијата, секако и таму одиме на победа“, рече Митев.