Митев: Одиме да се бориме и да го оставиме срцето на терен против Германија

Ракометната репрезентација на Македонија денеска го одработи првиот тренинг во „Мерцедес бенц арена“ во Берлин, каде што в недела ќе го игра мечот од второто коло на ЕП против домаќинот Германија.

И покрај поразот на стартот на континенталниот собир од Франција (29:39), атмосферата во репрезентацијата е одлична, а еден од најмладите во националниот тим, Марко Митев, најавува борбена игра.

„Ова е една голема и прекрасна арена која ќе биде полна против домаќинот. Целиот тим е подготвен за натпреварот и се надеваме на позитивен резултат. Чувството е исто како и со дуелот со Франција, одиме да се бориме, наше е да оставиме срце на терен и да дадеме максимум на овој меч“, изјави Митев.

 

- Оглас -

Најнови вести