0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Митев спаси реми за Македонија, но Швајцарија го освои трофејот од „Жолтиот куп“

Ракометната репрезентација на Македонија одигра реми, 29-29, против домаќинот Швајцарија, на последниот меч од „Жолтиот куп“ во Винтертур. Сепак, иако го завршуваме турнирот со две победи и едно реми, трофејот им припадна на домашните ракометари, кои на крајот имаат подобра гол-разлика, пред се поради убедливата победа од 11 гола разлика против Украина.

Швајцарија имаше водство речиси во текот на целиот меч, а Македонија успеа само двапати да израмни на стартот, на 1-1 и на 2-2. Следуваше подобра игра на домашните, кои во финишот на првото полувреме имаа и највисоки +6, односно 17-11. Македонија до паузата успеа само да намали на 18-13.

Во ист стил започна и вториот дел, но така беше се до последните 10 минути од мечот. Нашите ракометари се вратија резултатски во игра и успеаја да дојдат до нерешено, 26-26, а потоа и до првото водство на мечот од 26-27 во 54-тата минута. Сепак, Швајцарија со два гола се врати во водство од 28-27 на две минути пред крајот на мечот.

На крајот Македонија се спасуваше од пораз со двата гола на Марко Митев, од кои вториот на десеттина секунди пред крајот на мечот.

Токму Марко Митев со седум гола беше најефикасен на мечот, додека Ненад Костески, Пешевски и Серафимов постигнаа по три.

- Оглас -

Најнови вести