19.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Митевски уверува: Имаме голема енергија да покажеме дека има надеж и потенцијал во нас младите

По сработеното во Гевгелија и двете контроли со Швајцарија, сениорите се во Скопје, каде што одработија два тренинзи во салата на СРЦ „Кале“. Пред утрешното заминување за Куманово, ќе биде одработен уште еден.

Победите на пријателските мечеви против репрезентацијата на Швајцарија дополнително ја „покачија“ самодовербата кај нашите момчиња, но и онаа потребна „работна атмосфера“ во тимот.

„Земајќи предвид дека сме млади играчи, атмосферата можам да кажам дека е одлична“, вели Максим Митевски.

„Имаме голема енергија и големи очекувања, пред сè, да ѝ покажеме на Македонија дека има надеж и потенцијал во нас младите. Нам ни останува да го дадеме максимумот“.

Младиот бек смета дека дека во овие неколку дена до почетокот на претквалификациите ќе бидат уште подобри:

„Имавме добар подготвителен период, каде што во пријателските натпревари против Швајцарија покажавме дека сме на добар пат. Се надевам дека остатокот од подготовките ќе мине исто така добро. Пред сè, од здравствен аспект. Сигурно дека со напорен тренинг на теренот во Куманово ќе истрчаме максимално подготвени“, дополни Митевски.

- Оглас -

Најнови вести