Митот кој Клоп треба да го разбие

Манчестер сити го загуби градското дерби, а Ливерпул неколку часа претходно си поигра со Борнмут за 15-та победа по 16 кола во Премиер лигата. Црвените стигнаа до 46 бода, сега имаат 14 повеќе од актуелниот првак, односно 11 повеќе од второпласираниот Лестер кој допрва треба да го одигра мечот против Астон вила.

Нема дилеми дека европскиот првак ќе биде лидер во Англија и за католички Божиќ, по петти пат Ливерпул ќе се најде во таква позиција. Сепак, има еден мит кој им пркоси на нивниот поход кон шампионската титула.

Во последните три наврати кога гигантот од „Енфилд“ бил лидер во Премиер лигата за католички Божиќ, на крајот останувал без пехарот. Тоа се случи во сезоната 2008/09, 2013/14 и минатата сезона.

Но, друга статистика оди во нивна полза. Ниту еден актуелен првак не успеал да ја одбрани титулата во ситуација кога бил во негатива од 14 бода. Затоа, време е за Клоп да го разбие митот и да стави крај на тридеценискиот пост.

- Оглас -

Најнови вести