7.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Митрашиновиќ испиша историја, Македонија загуби од јужниот сосед

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство 2027. Нашите кошаркарки загубија од Грција со 84-101 во СРЦ „Кале“ и сега имаат ефект од една победа и еден пораз по две кола.

Сепак, она што е позначајно е рекордот на Анџелика Митрашиновиќ, која со 23 поени беше најефикасна на мечот против јужниот сосед, но влезе и во историјата на македонската женска кошарка како најдобар стрелец во репрезентацијата.

Митрашиновиќ со овие 23 поени дојде до бројка од 419 поени на официјални натпревари, со што ја надмина Моника Гавриловска, која беше лидер со 403 поени во пресрет на овој меч.

Гавриловска до ефектот од 403 поени дојде за 28 официјални меча во дресот на репрезентацијата, додека Митрашиновиќ вечерва го одигра својот 33-ти натпревар за Македонија, па извесно е дека овој рекорд ќе расте од меч во меч.

Воедно, Митрашиновиќ уште од претходно е рекордер по бројот на настапи за женската кошаркарска репрезентација на Македонија, кога се работи за официјалните натпревари, односно оние кои имаат натпреварувачки карактер, а тоа се квалификациите и претквалификациите за ЕП и СП, како и првенствата од Б и Ц дивизијата.

- Оглас -

Најнови вести