Митревски: Да закрепнеме од настинките и одиме на победа против Катар

Ракометната репрезентација на Македонија ремизира (29-29) против Австрија во првиот меч од втората рунда на Светското првенство. Искусниот голман Николче Митревски играше со зголемена телесна температура, издржа во првиот дел, а потоа му ја препушти шансата на Кизиќ.


„Имавме водство и од три гола разлика во првото полувреме, можеби ако ја задржевме, ќе имавме можност и за победа. Имаше падови и подеми и кај двете селекции, на крајот ние имавме седмерец, тие поведоа, а ние и за четири секунди успеавме да израмниме. Сега останува да закрепнеме од настинките кои нѐ нападнаа и одиме на победа против Катар“, изјави голманот Николче Митревски.

Сега Македонија има два освоени бода во групата, а за два дена ќе се сретне со селекцијата на Катар.

- Оглас -

Најнови вести