Митревски е херој на битолчани: Голема победа за Еурофарм Пелистер во ЛШ

Еурофарм Пелистер ја забележа и третата победа во групната фаза од ракометната Лига на шампиони откако во Битола славеше над фаворитот Динамо Букурешт со минимални 25-24. Херој на битолчани е голманот Никола Митревски, кој мечот го заврши со 16 одбрани, а успеа да одбрани и во последниот напад на гостите за реми.

Битолчани одлично започнаа и диктираа темпо на почетокот од мечот, но Динамо направи пресврт и на паузата замина со предност од 12-13. Сепак, во второто полувреме имаше пресврт на Еурофарм Пелистер за голема победа која ги остава во игра за пласман во осминафиналето на две кола пред крајот на групната фаза.

Лоша вест за актуелниот шампион на Македонија е победата на Висла Плоцк над Фихсе Берлин на домашен терен, па сега битолчани заедно со полскиот претставник се на делба на шестата позиција со по осум бода, но Висла има подобар меѓусебен дуел.

- Оглас -

Најнови вести