Младите ракометари на Пелистер не успеаа да се пласираат во финалето на европскиот фајнл-фор. Во полуфиналниот дуел, Пелистер загуби убедливо со 21:35 од ГОГ Гудме.
Во текот на целиот меч, норвешкиот тим беше подобар и на крајот заслужено победи. Тоа по признава и Кире Митревски кој ветува дека Пелистер сега ќе се фокусира да победи во утрешното „мало финале“ и да стигне до третото место во Европа, во младинска конкуренција.
„Игравме против една школа која е многу подобра од нас. Победата на ГОГ не е случјана, покажаа квалитет и добра игра, нѐ добија во секој сегмент од мечот, честитки до нив. Нам ни останува да се одмориме за утрешниот натпревар за третото место. Очекувам да дадеме се од себе и да го добиеме тој меч“, рече Митревски.