41.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Митревски со тројки ја уништи Швајцарија и порача: Не секој меч ќе одиме на победа

Андреј Митревски беше „икс факторот“ во македонската кошаркарска репрезентација на вчерашниот пријателски меч со Швајцарија, 21-годишниот бек кој игра за клубот Феникс 2010 погоди пет тројки од шест обиди и им внесе самодоверба на останатите соиграчи кои имаа проблем со реализацијата.

„Ова беше натпревар за да видиме до каде сме во моментов. Тренираме заедно две недели, да видиме како функционираме. Ни следува уште еден натпревар против Швајцарците, мислам дека имаме добра енергија во оваа млада екипа. Поставивме наше темпо и бараме многу трчање, па мислам дека заради тоа победивме. Нормално дека е тешко кога има ваква смена на генерации, ама работиме и тренираме за да ги наследиме оние што го трасираа патот. Секако дека имаме шанси во претквалификациите, иако можеби не сме фаворити, ќе излеземе на терен за да победиме на сите четири натпревари“, изјави Митревски.

Вечерва од 19 часот во Гевгелија следува уште една контрола против Швајцарците, за разлика од вчера таа ќе биде од затворен тип, без публика.

Од утре до среда репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а потоа следува преселба во Куманово  каде в сабота на Илинден ќе играме со Романија на стартот на претквалификациите за СП 2027.

- Оглас -

Најнови вести