Митревски: Треба максимално да се подготвиме за напорите и предизвиците кои нѐ очекуваат на СП

Македонската машка ракометна репрезентација и официјално ги започна подготовките за настапот на Светското првенство кое ќе стартува за помалку од еден месец. Експедицијата утрово замина во Стара Пазова каде ќе се одработи првиот дел од подготовките до 30 декември.

Голманот Никола Митревски е повратник во националниот тим, а неговото искуство секако ќе биде многу драгоцено на вака значајни натпревари. Митревски верува дека до стартот на Мундијалот, сите ракометари ќе бидат максимално подготвени.

„Среќни сме за почетокот на подготовките за Светското првенство кое го очекуваме со нетрпение. Имаме доволно време за подготовка и за одигрување на пријателски натпревари. Треба максимално да се спремиме за напорите и предизвиците кои не очекуваат во Хрватска. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред во овој период и подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“, вели Митревски.

Македонија е во групата Д каде за ривали ќе ги има селекциите на Унгарија, Холандија и Гвинеја.

- Оглас -

Најнови вести