Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ има одличен почеток во новиот клуб Ал-Хилал. Митровиќ летово реши да си замине од Фулам и го прифати предизвикот да игра во првенството на Саудиска Арабија.
„Немам носталгија по Англија. Таму играв долги години, а мило ми е што направив трансфер во одличен клуб. Ал-Хилал е нешто како Реал Мадрид. Многу сум среќен што сум тука и сакам да освојувам трофеи“, вели Митровиќ.
Митровиќ има 29 години и е во најдобрата фудбалска зрелост. Пред да дојде во Ал-Хилал има играно за Фулам, Њукасл, Андерлех и Партизан. Во дресот на тимот од Саудиска Арабија одигра четири меча и веќе може да се пофали со пет погодоци и една асистенција.
По шест одиграни кола во Саудиска Арабија, Ал-Хилал е лидер со 16 бодови, пред Ал-Итихад и Ал-Ахли кои имаат по 15 бодови.