Српскиот напаѓач Александар Митровиќ, кој игра за лондонскиот Фулам, со 23 гола на 34 меча е прв стрелец во англиската Шампионат лига, познат е како лошо момче во фудбалот бидејќи честопати се кошка со противниците, добива црвени картони, прави луди фризури, излегува по ноќни клубови до раните утрински часови.
Но, тој дава и убави голови, па претставува „коктел“ кој го прави интересен фудбалер за медиумите. Митровиќ смета дека фазата на вжештена глава му поминала и дека темпераментот и карактерот во минатото ќе му донеле проблеми доколку наместо фудбалот, се одлучел да влезе во „другата страна од законот“.
„Надвор од теренот сум семеен човек, правам нормални работи. Но, на теренот сум поинаков. Дури и кога играм фудбал со брат ми на компјутер, многу се лутам ако губам и ми доаѓа да скршам нешто. Секогаш сум таков, сакам да победувам. Татко ми ми велеше дека јас ќе бидам криминалец или кикбоксер. Можеби ќе работев нешто каде што може да го искористам адреналинот. Секогаш сум имал многу енергија“, вели Митровиќ.
Митро во минатото играше за Партизан и кај него остана љубовта кон црно-белата боја, па затоа во Англија му се допаднал Њукасл.