Митровиќ е пред трансфер во Јунајтед, но ќе добие и богатство од Ал-Хилал само да си замине

Српскиот интернационалец, Александар Митровиќ, не е во плановите на новиот тренер на Ал-Хилал, Симоне Инѕаги, па летово се очекува да направи трансфер. Митровиќ заработува 25 милиони евра годишно, а вредноста му се проценува на 18 милиони евра, па тешко е за очекување дека Арапите ќе најдат клуб кој ќе плати обесштетување и ќе му ја даде истата плата.

Затоа планот на раководството е да му го раскине договорот, а за тоа ќе треба да му исплати 25 милиони евра, бидејќи договорот му истекува дури следното лето. Ваквиот развој на настаните го очекуваат од Манчестер јунајтед, од каде во Србинот гледаат замена за Расмус Хојлуд, а би го добиле бесплатно.

Митровиќ веќе има искуство од играње во Англија, бидејќи во минатото настапуваше за Фулам и Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести