Митровиќ ја продолжи гол-серијата, Нејмар со асистенција дебитираше за Ал-Хилал (Видео)

Екипата на Ал-Хилал останува лидер на табелата во првенството на Саудиска Арабија откако вечерва со убедливи 6-1 на домашен терен го совлада составот на Ал-Ријад. “Кралскиот“ клуб на Саудиска Арабија со тоа стигна до петтата победа оваа сезона во шест натпревари, а има и еден нерешен резултат.

Серијата погодоци ја отвори Александар Митровиќ во 30-тата минута од пенал. На 2-0 зголеми Ал-Шарани во четвртата минута од судиското продолжение на времето во првото полувреме. Голот за 3-0 беше дело на домашниот фудбалер Ал-Давсари во 68-мата минута, додека на 4-0 зголеми Малком во 83-тата минута на асистенција на Нејмар, кој го забележа својот прв настап за екипата на Ал-Хилал. Последните два погодоци беа дело на Ал-Давсари кој со тоа заокружи хет-трик во 87-мата и 90+5-тата минута. Конечните 6-1 беа поставени во 90+6-тата минута преку Ал-Закан кој погоди за гостите.

https://twitter.com/SaudiPLAnalyst/status/1702752478532415789

https://twitter.com/ClinicalBruno39/status/1702771784544628933

- Оглас -

Најнови вести