Митровиќ не запира со англиските голови, ама финтата на Тадиќ е светска (Видео)

Србија води со 2:0 против Словенија по првото полувре во меч од Лигата на Нации, а повторно се истакна тандемот Тадиќ-Митровиќ, кои го креираа вториот гол во Љубљана.

Александар Митровиќ повторно постигна гол во англиски стил, надмоќен во скокот и со удар со глава, а сепак во фокусот беше брилијантниот потег на асистентот Душан Тадиќ.

Slovenia 0 – [2] Serbia – Mitrovic 35′ from soccer

Играчот на Ајакс со прекрасен дриблинг го збуни Адам Гнезда-Черин и потоа центрираше точно на главата на Митро-гол кој сезонава е неверојатен.

Со 43 гола за Фулам го урна рекордот во Чемпионшип лигата во Англија, беше стрелец и на најважниот квалификациски гол за Србија, против Португалија за пат на Мундијалот во Катар, а продолжува немилосрдно да ги тресе противничките мрежи.

Србија ако ја победи Словенија ќе остане во битка со Норвешка за првото место во четвртата група во Б сегментот, а Шведска и Словенија веќе немаат шанси за врвот на табелата и преселба во А сегментот во Лигата на Нации.

 

 

- Оглас -

Најнови вести