4.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Митровиќ по една полусезона го напушта Катар, но нема да се врати во Европа

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Александар Митровиќ, по само една полусезона ќе го напушти Катар и најверојатно ќе се врати во Саудиска Арабија. Митровиќ летоска направи трансфер од Ал-Хилал во Ал-Рајан, но за екипата од Катар настапи на само три натпревари и постигна два гола, а надвор од терените е уште од септември кога се повреди.

Раководството на Ал-Рајан воопшто не е задоволно од него, па сакаат уште во јануари да се ослободат, иако Србинот има договор до 2028 година. Според информациите на арапските медиуми, Ал-Ахли е подготвен да го ангажира и да го врати во првенството на Саудиска Арабија, а преговорите помеѓу двете екипи веќе се во тек.

Митровиќ во својата кариера настапуваше за Партизан, Андерлехт, Њукасл и Фулам, пред да се пресели во Саудиска Арабија, додека во репрезентацијата на Србија е најдобар стрелец во историјата со 63 гола на 104 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести