Српскиот интернационалец, Александар Митровиќ, одбива да тренира со останатите играчи на Фулам, а и тренерот на премиерлигашот потврди дека фудбалерот нема да биде во составот за пријателскиот натпревар против Бренфорд кој се игра вечерва во 22 часот во САД.
– “Митровиќ нема да игра на следниот натпревар, тој не тренира со екипата. Понекогаш играчите носат индивидуални одлуки за кои сметаат дека се најдобри за нив.“ – изјави тренерот на Фулам, Марко Силва.
Тој за медиумите призна дека и тој самиот има понуда од Саудиска Арабија.
– “Вистина е, ме повикаа од Ал-Ахли. Дали ќе прифатам? Не можам да потврдам. Покажав верност на овој клуб.“ – рече Силва.
Причина за бојкотот на Митровиќ е одбивањето на раководството на Фулам да го пушти да се пресели во Саудиска Арабија. Србинот има понуда од Ал-Хилал и би заработил 75 милиони евра за три сезони, но Фулам ги одби првите две понуди за Митровиќ. Од премиерлигашот се децидни дека бараат 60 милиони евра обесштетување, што е повеќе од двојно од моменталната вредност на србинот која изнесува 28 милиони евра.