Митровиќ: Примивме глупави и наивни голови, јас можев и подобро, сега навиваме за Бразил!

Српскиот напаѓач Александар Митровиќ по нерешените 3-3 против Камерун, рече дека сега им останува да навиваат за победа на Бразил над Швајцарија.

„Го контролиравме мечот, го имавме добиено, а потоа од никаде, наивно примивме голови. Од оваа перспектива бодот е малку, но што е тука е, остануваме во трка за нокаут-фазата. Штета, останува горчлив вкус. Според мене, примивме два многу глупави голови. И јас можев подобро, имав шанса, полушанса, но вечер навиваме за Бразил и се надевам дека на последниот меч сè ќе зависи од нас“, рече најдобриот стрелец во историјата на српскиот национален тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести