Александар Митровиќ го игра најдобриот фудбал во својата кариера. Одличниот голгетер продолжи со фантастичната форма од почетокот на сезоната, откако предмалку и донесе победа на Србија од 4:1 против Шведска.
Тој ги постигна првите три погодоци за Србите (18′, 45+1′, 50′), откако претходно гостите поведоа со голот на Клаесон во 15-та минута на „Рајко Митиќ“.
Конечниот исход го постави Саша Лукиќ со гол во 70-та минута.
Со оваа победа, Србија стигна до 10 бода во групата 4 од „Б“ Лигата на нации, а за првото место ќе одлучува дуелот со Норвешка кој е закажан за три дена.
Ерлинг Халанд или Александар Митровиќ ќе патуваат во „елитата“ од Лигата на нации, а Србија на ова гостување ако сака да заврши прва, мора да оди на победа, додека на Норвежаните им одговара и реми.