Српскиот голгетер Александар Митровиќ добил толку добра понуда од саудискиот клуб Ал-Хилал, што побарал од Фулам да го ослободат за да може да се пресели во најтрофејниот клуб од Саудиска Арабија.
Во Ал-Хилал клупски колега треба да му биде и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој исто така од Лацио побара да ја прифатат понудата од саудискиот клуб, каде што летово дојдоа и Рубен Невеш и Калиду Кулибали.
Митровиќ во минатата сезона даде 14 гола на 24 меча во Премиер лигата и му помогна на Фулам да обезбеди опстанок.