Во првиот меч од 31-вото коло на хрватското првенство, Вараждин на гостински терен славеше со 1:0 против Славен Белупо. На дуелот одигран во Копривница, пред околу 1.500 гледачи, моментот на одлука беше во 62-рата минута, кога Димитар Митровски со шут од 15-тина метри го матира домашниот голман.
Митровски со овој погодок само потврди дека е во одлична форма. За него ова беше петти погодок сезонава, а има и една асистенција. Покрај Митровски, во стартниот тим на Вараждин беше и Марио Младеновски, кој играше во првото полувреме. Пред крајот на мечот, во тимот на Вараждин во игра влезе и Ване Јованов.
Тимот во којшто има тројца Македонци моментално е на петтото место на табелата со 41 бод.