26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Митровски го „стресе“ Динамо Загреб, но шампионот од пенал се спаси од пораз (Видео)

Македонскиот репрезентативец, Димитар Митровски, успеа да погоди во мрежата на Динамо Загреб, во кој заврши 1-1, а нашиот интернационалец стрелаше во 76-тата минута за водство на Вараждин.

Сепак, до крајот на мечот, актуелниот шампион на Хрватска, се спаси од пораз со гол од пенал во 82-рата минута. За Вараждин на овој меч стартер беше Марио Младеновски, додека Митровски во игра влезе во 62-рата минута. На клупата за резерви остана третиот Македонец во оваа екипа, Ване Јованов.

Во стартниот состав на Динамо Загреб немаше македонски интернационалци, а Стефан Ристовски во игра беше уфрлен во 73-тата минута.

Нов лидер во првенството на Хрватска е сплитски Хајдук, кој многу потешко од очекувањата го победи Шибеник со 1-0. Александар Трајковски не доби минутажа на овој меч.

Сплитските „бели“ имаат еден бод предност пред Ријека и +5 пред најголемиот ривал, Динамо Загреб.

- Оглас -

Најнови вести