Митровски: Ќе дадеме сѐ од себе да освоиме бодови

Димитар Митровски имаше одлична сезона и обезбеди место во идеалниот тим на сезоната во хрватското првенство. Митровски настапува за тимот на Вараждин, а сега се надева дека добрите игри од клупски план може да ги преточи во успешен настап и во националниот дрес.

Македонија во овој дел од квалификацискиот циклус прво игра дома, против Белгија, на 6 јуни, а три дена подоцна ќе гостува во Астана кај Казахстан.

„Јавноста може да очекува дека ќе дадеме сè од себе. Секој меч е битен, секој дуел носи бодови. Ќе го дадеме максимумот и се надевам дека ќе освоиме бодови“, рече Митровски.

- Оглас -

Најнови вести