Мицевски и Трајчевски ќе бидат повикани за дуелот со Ерменија

Македонија по победата над Естонија денес во Скопје, наиде на непосакувани проблеми. Поради суспензија отпаднаа Бобан Николов и Стефан Спировски, додека Елиф Елмас е неизвесен за дуелот против Ерменија во последното коло од Лигата на нациите, откако се пожали на повреда на бутниот мускул.

Доста од репрезентативците како Горан Пандев, Езѓан Алиоски и Столе Димитриевски, се истрошија по историскиот триумф над Грузија, па и тие нема да бидат дел од селекцијата за патувањето до Никозија.

Поради тоа селекторот Игор Ангеловски ќе ги пополни местата со повик за Дарко Мицевски од Вардар, како и Душко Трајчевски, членот на Докса. Втор фудбалер кој е повикан од домашното првенство е Томче Китановски, членот на Македонија Ѓорче Петров.

Инаку, за новоповиканите проблем ќе биде тестирањето за ковид-19. Тие ќе треба вечерва да се тестираат за да добијат брзи резултати и да добијат зелено светло за утре да може да патуваат за Кипар.

Македонија со евентуална победа над Ерменија ќе го освои првото место во групата 2 од сегментот Ц, односно ќе се пласира ранг погоре во сегментот Б од Лигата на нациите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести