Василие Мициќ вчера не можеше во целост да го покаже својот квалитет во победата на Србија против Грција по продолженијата во мечот од мундијалските квалификации.
Српскиот плејмејкер во еден момент кога го бранеше својот кош, лошо нагазна и го свитка десниот зглоб, што лесно можеше да ја обнови старата повреда која го мачеше кон крајот на минатата сезона.
Сепак, селекторот Пешиќ по мечот истакна дека не е ништо сериозно, па така најкорисниот играч од Евролигата избегна подолга пауза, и тоа во клучен период пред стартот на Евробаскетот.