Мизерија во Гранада – „Мајмун“ се појави на трибини и провоцираше црномурен фудбалер на Кадис (Видео)

Играчот на Кадис, Карлос Акапо, беше цел на провокација на расна основа, а реакцијата на обезбедувањето во Гранада беше несоодветна, па дури дозволи провокаторот на трибините да се расправа со гостинскиот играч.

Со гестикулација на мајмун, навивачот на Гранада го провоцираше Акапо, додека фудбалерот на Кадис си заминуваше од теренот во 59-тата минута, кога беше заменет.

Акапо е репрезентативец на Екваторијална Гвинеја, селекција која неодамна играше во четвртфиналето на Африканскиот куп на нациите и загуби од сега веќе новиот шампион, Сенегал.

Мечот во Гранада се играше вчера и заврши без голови.

 

- Оглас -

Најнови вести