Мизерната сезона на Јувентус може да заврши со исфрлање од Серија А

Раководството на Јувентус сè уште калкулира со некакво учество во Суперлигата, проект што пропадна за два дена откако беше промовиран, а целиот хаос може да заврши трагично за Старата дама.

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, изјави дека Јувентус нема да ја почне следната сезона во Серија А ако дотогаш јасно не објави дека се откажува од идејата за Суперлига.

Само три од 12-те клуба што ја најавија Суперлигата како нов проект не се откажале сè уште, а со Јувентус, во групата се и Барселона и Реал Мадрид. Последен се откажа Милан, па избегна можни санкции што се најавени од Италијанската федерација.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1391756070641614854?s=20

Јувентус сезонава има и дополнителни маки, како што игра, можно е да не се избори за настап во Лигата на шампионите, а ја загуби титулата во Италија што ја освојуваше деветпати по ред до ова издание на Серија А.

Јасно е дека ако не се откажат од Суперлигата, нема да играат ниту во ЛШ ако се изборат за тоа во последните три кола во италијанското првенство, а најлошата варијанта веќе е најавена, можна преселба во понизок ранг во Италија.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести