Македонската кошаркарска федерација упати повик до сите љубители на спортот и верните навивачи да му дадат поддршка на нашиот национален „А“ тим на претстојниот натпревар со Унгарија кој ќе се игра на 20-ти август, среда, од 19 часот во Спортско рекреативен центар „Кале“ против Унгарија.
„Нашите репрезентативци со гордост ја претставуваат државата и ја носат одговорноста да се борат за нови успеси. Поддршката од трибините секогаш била нашата најголема сила и мотив, па затоа веруваме дека и овој пат заедно ќе создадеме атмосфера на коректно навивање, достојна за големи спортски семејства.
Ве повикуваме да бидете дел од овој настан, и со вашето присуство да им дадете дополнителна енергија на нашите играчи. Заедно да отпочнеме да ја испишуваме следната страница во историјата на македонската кошарка.
Со почит,
МАКЕДОНСКА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА“, стои во соопштението.