8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

МКФ жестоко го казни Пелистер по скандалот во Купот на Македонија

Македонската кошаркарска федерација изрече сериозни казни кон КК Пелистер по драматичниот четвртфинален дуел со Куманово, меч кој остана запаметен по контроверзни судиски одлуки, инциденти на трибините и самоволното напуштање на теренот од страна на битолскиот клуб.

Битолскиот клуб ќе треба да плати 60.000 денари поради напуштањето на теренот, а дополнителни 10.000 денари за јавните критики упатени кон судиската тројка. Тренерот Даскаловски доби казна од 9.600 денари за две технички грешки, додека службениот претставник Марјан Илиевски е санкциониран со 3.200 денари.
Српскиот кошаркар Никола Малешевиќ ќе плати 20.000 денари по пријава од службените лица за своето однесување.

Исто толку, 20.000 денари ќе мора да плати и Џастин од ТФТ, кој по полуфиналниот меч со Куманово, исто така беше пријавен за критики кон арбитражата. Дополнително, ТФТ ќе треба да плати и 10.000 денари за своите забелешки кон судењето.

Интересно е што казната за коментар на судење изнесува 10.000 денари, но Куманово, домаќинот на дуелот, ќе плати 16.000 денари за неспортско и расистичко навивање, епизода која остави темна дамка на куп-завршницата, особено по реакцијата на Гил од МЗТ Скопје.

- Оглас -

Најнови вести