Млад Бразилец го „збудале“ Анчелоти, тој побара Перез веднаш да го купи за 100 милиони евра

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, знае дека атомскиот напад не е гаранција за успех. Кралскиот клуб ги доведе Килијан Мбапе и Ендрик, но треба да се подредат коцките и во средниот ред и во одбраната. Реал има многу добри дефанзивци, но нема да ја пропушти можноста да го доведе Витоиро Реис.

За многумина тој е целосно непознат, но британскиот „Гардијан“ го вброи во самиот врв на најдобри светски фудбалери родени 2006 година, кои оваа година станаа полнолетни.

Реис има договор со Палмеирас до летото 2028 година, но и откупна клаузула од 100 милиони евра. Младиот фудбалер ја шармираше скаутинг службата на Реал во Јужна Америка и тие веруваат дека тој треба да биде купен што е можно поскоро.

Витор Реис е стопер со висина од 186 сантиметри, а настапува за кадетската репрезентација на Бразил, но му се предвидува одлична кариера доколку нема здравствени проблеми.

Така Реал би можел да донесе уште еден талент од Палмеирас, после Ендрик. Се очекува Флорентино Перез многу брзо да преземе конкретни чекори и да направи потег кој на Реал Мадрид ќе му донесе посигурна одбрана во годините што доаѓаат.

Витор Реис го имаше своето професионално деби на 27 јуни 2024 година, во тежок натпревар во кој Палмеирас загуби со 3–0 од Форталеза во Бразилеирао. Иако тој ги одигра само последните пет минути од тој натпревар, неговите перформанси оттогаш беа импресивни, со 10 настапи во лигата и Копа де Бразил, дури и постигна два гола.

Со 826 одиграни минути, младиот дефанзивец брзо стана клучен играч во одбраната на актуелниот шампион на Бразил. Карло Анчелоти веќе „збудале“ за да го купи и му порача на Флорентино Перез да го стори тоа што е можно побрзо.

- Оглас -

Најнови вести