21.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Млад фан на Лацио се расплака после голот на голманот, па се сретна со својот херој (Видео)

На едно дете по име Масимо, кое навива за Лацио, денеска му беше приредено пријатно изненадување.

Откако Масимо беше снимен како плаче од радост после голот на голманот Иван Проведел против Атлетико Мадрид, во клубот од Рим решија да му договорат средба со неговиот херој, голманот Проведел.

Масимо се сретна со Проведел, од кој доби автограми со посвета на дрес, ракавици и една топка.

„Солзи и насмевки. Чисти емоции. Сонот на Масимо се претвори во реалност“ – порачуваат од Лацио во објавата со видео од целата приказна околу Масимо.

https://twitter.com/i/status/1705597890805039348

 

- Оглас -

Најнови вести