Андреа Риналди е млад фудбалер кој во петокот претрпе страшна повреда на мозокот. Играчот кој следниот месец треба да наполни 20 години добил аневризма на мозокот и веднаш бил пренесен во болница во Варезе. Докторите велат дека ситуацијата е многу сериозна, но дека фубалерот уште не се предава.
Дел од неговите пријатели и соиграчи упатуваат пораки за поддршка на Риналди, а некој буквално веќе се простуваат од телентираниот фудбалер кој потекна од Аталанта.
„Сето ова не е реално. Не можам да повредувам дека ова е вистинаПонекогаш судбината прави лоши шеги. Ми беше задоволство што те запознав и што бев дел од твојот живот. Те сакам пријателе“, напиша Салваторе Елија кој е врсник со Риналди и заедно биле дел од младинскиот тим на Аталанта.
Риналди сезонава играше како позајмен играч во Легнано тим кој се натпреварува во Б групата од Серија Д. Сезонава одигра 23 меча и даде еден гол.