Голема трагедија го погоди германскиот фудбал откако младиот фудбалер Лука Меикснер (22) беше пронајден мртов во својот кревет.
Овој талентиран играч настапуваше за петтолигашот ССВ Ројтлинген, кој се бори за пласман во повисока лига. Меикснер беше пронајден мртов за време на празничниот период и зимската пауза во германскиот фудбал.
Лука Меикснер стана дел од првиот тим на Ројтлинген во 2021 година, откако ги помина сите младински категории на клубот.
Клубот се прости од младиот фудбалер со емотивна порака на социјалните мрежи.
„За време на викендот ја добивме страшната вест дека нашиот играч Лука Меикснер неочекувано почина во петокот, на 27 декември, на возраст од 22 години. Целото семејство на ССВ Ројтлинген е длабоко ожалостено и шокирано“, се вели во соопштението на клубот.
German club SSV Reutlingen have announced that player Luca Meixner has died aged just 22 https://t.co/2VwrtkCZDa pic.twitter.com/AVgMdmtIV3
— Mirror Football (@MirrorFootball) January 6, 2025