Младиот фудбалер Гоце Коцевски вчера го загубил животот во сообраќајна несреќа, соопшти ФК Борец.
Неговите почетоци биле во младинскиот погон на Борец 1919, а потоа бил член и на Превалец од Велес.
„Нека ти е светол патот до вечноста. Вечна ти слава играчиште! Сочувство до семејството“, објавија од ФК Борец.