Млад навивач на Ливерпул доби дрес од идолот и не знаеше што да прави од среќа (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул сезонава играат далеку под очекувањата, но и покрај тоа ја имаат големата поддршка од навивачите, а еден од нив го воодушеви светот со својата реакција.

Ливерпул во средата со 2:0 го совлада Вулверхемптон и дојде само на пет бода од четвртото место на Тотенхем, кое носи пласман во Лигата на шампионите, а по натпреварот млад навивач на Црвените ги освои симпатиите на фудбалските фанови од целиот свет.

Имено, младо момче цел натпревар навиваше со транспарент на кој го моли својот идол Трент Александер-Арнолд да му го подари неговиот дрес. Фудбалерот не го забележа младото момче, но тоа го стори менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, и по натпреварот му покажа на Александер-Арнолд за тоа.

Камерите не го фатија моментот кога тој му го подарува сопствениот дрес, но затоа ја „уловија“ реакцијата на младото момче која никого не остави рамнодушен.

- Оглас -

Најнови вести