Млад полски фудбалер се бори за живот после сообраќајна несреќа во која загина неговата сестра

Во време кога светот сè уште жали за трагичната смрт на Диого Жота, друга трагедија ја потресе фудбалската јавност, овојпат во Полска.

Младиот напаѓач на Легија Варшава, Ксавери Јежевски, кој има само 17 години, е тешко повреден во сообраќајна несреќа, во која животот го загубила неговата постара сестра. Инцидентот се случил во близина на градот Плоцк, кога возилото излетало од патот и удрило во дрво.

Од полицијата соопштија дека причината за несреќата сè уште се истражува, но според првичните информации, брзината не се смета за фактор во трагедијата.
Јежевски моментално е во критична состојба во болница, а клубот Легија Варшава испрати соучувство до семејството.

„Ксавери е хоспитализиран со тешки повреди, а неговата сестра, за жал, не преживеа. Клубот, стручниот штаб, соиграчите и тренерите од академијата се со неговото семејство во овие тешки моменти“, стои во соопштението на Легија.

Тренерот на младинскиот тим на Легијa, Рафал Матусијак, со болка зборуваше за младиот фудбалер.


„Тој е професионален, вреден, одговорен и амбициозен фудбалер со голем потенцијал. Такви таленти не се појавуваат често. Во последните натпревари постигна 17 голови и беше најдобар стрелец на тимот“, изјави Матусијак.

Фудбалска Полска е во шок по уште една млада жртва на сообраќајните несреќи, само неколку дена по трагедијата што го потресе и Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести