Млад руски фудбалер призна дека убил жена, сега не му се пишува добро

Младиот руски фудбалер Данил Секач признал дека убил жена во нејзиниот стан во Москва по наредба на измамници, објави Рускиот истражен комитет.

„По наредба на измамници, (напаѓачот) дошол (во станот) да го отвори сефот. Потоа му наредиле да го убие сопственикот на станот“, рекол тој во својата изјава, како што објави Истражниот комитет на својот Телеграм канал.

Според „Марка“, против 20-годишниот Секач е покрената кривична постапка и се соочува со казна затвор до 15 години. Фудбалерот бил уапсен во саботата, во хотел кој се наоѓа на околу 14 километри од местото на злосторството.

„Признавам сè и жалам за тоа“, додаде Секач, кој играл за руската младинска репрезентација, а моментално игра за резервниот тим на ФК Урал во Екатеринбург.

 

- Оглас -

Најнови вести