Младата бразилска ѕвезда може да има проблем по доаѓањето на Мбапе во Реал

Само формално се чека да се потврди дека Килијан Мбапе од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Француската суперѕвезда веќе долг период е на врвот на приоритетите на Реал, а Кралскиот клуб сега успеа да го оствари зацртаното.

Мбапе треба да го добие дресот со бројот 10 од Лука Модриќ кој ги игра последните месеци од договорот. Покрај Мбапе, во летниот преоден рок на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне и бразилскиот тинејџер Ендрик.

Талентираниот 17-годишен Ендрик беше договорен уште пред неколку месеци и требаше да биде адут за новата сезона, но сега ситуацијата може да се промени. Со доаѓањето на Мбапе, Реал ќе добие големо засилување во нападот, а Ендрик, кој исто така игра во офанзивната линија, може да остане запоставен.

Тренерот Карло Анчелоти сигурно ќе има „слатки маки“ околу составувањето на офанзивниот дел во тимот за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести