Младата селекција на Македонија со спорен гол загуби од Полска

Младинската фудбалска репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година загуби во Битола од Полска со 0-1 и го претрпе петтиот пораз во шестиот меч од квалификациите за Европското првенство.

Погодокот за Полска го постигна Коцаба во 33-тата минута. Стрелецот можеби беше во офсајд-позиција, но во овие квалификации нема ВАР-систем, а судиите го признаа голот кој беше спорен.

Ова беше последен меч за Македонија годинава, следниот е гостување кај Италија во март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести