Младата ѕвезда на Барселона започна со тренинзи, наскоро ќе почне и да игра

Барселона и Шпанија останаа во шок кога пред 10 месеци на дуелот помеѓу Црвената фурија и Грузија се повреди младата ѕвезда на Каталонците, Гави. Тој мораше да направи операција, а со тоа и долго да отсуствува од фудбалските терени.

Сега тој повторно е дел од тренинзите на Барселона, а наскоро се очекува да го одигра и првиот натпревар по повредата. Дваесетгодишниот фудбалер иако е млад, сепак за првата екипа на Барселона собра 111 настапи, на кои имаше ефект од седум гола и 14 асистенции.

Гави за репрезентацијата на Шпанија одигра 27 натпревари, на кои постигна пет гола.

- Оглас -

Најнови вести