Младата ѕвезда на Реал Мадрид е играч на сезоната во Ла Лига

Џуд Белингам, фудбалерот на Реал Мадрид, е прогласен за играч на сезоната во Ла Лига, во која неговиот тим ја освои титулата.

Белингам на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна минатото лето од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 103 милиони и во дебитантската сезона се наметна како еден од клучните играчи на Реал Мадрид.

Англискиот репрезентативец сезонава во Ла Лига одигра 28 натпревари и постигна 19 гола, а имаше и шест асистенции, додека во сите натпреварувања на 43 меча даде 24 гола и имаше 12 асистенции.

„Би сакал оваа награда да им ја посветам на соиграчите, тренерите и, најважно, на навивачите на најдобриот клуб на светот. Задоволство е секојпат кога играм за оваа екипа. Хала Мадрид“, порача Белингам.

Белингам во изборот што го правеа навивачите, капитените на екипите и стручна комисија, заврши пред клупскиот соиграч Винисиус жуниор, Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, Артем Довбик од Жирона и напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски.

Наградата за најдобар тренер му припадна на стратегот на хитот на сезоната Жирона, Мигел Санчес.

За најдобар млад играч на сезоната во Ла Лига, очекувано, е избран Ламин Јамал од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести