Бразилскиот тинејџер Ендрик во јануари ќе си замине од Реал Мадрид и ќе го облече дресот на Олимпик Лион. Според најавите на експертот за трансфери Фабрицио Романо, Ендрик треба да постигне договор да оди на позајмица во францускиот тим.
Младиот 19-годишен Ендрик, во Реал Мадрид дојде како голем талент, но сезонава не добива шанса од тренерот Чаби Алонсо, па мора да бара решение. Едноставно фудбалерот сака да игра, а бидејќи во Кралскиот клуб нема да ја добие потребната шанса, сосема логично е да си замине од Сантијаго Бернабеу.
Колку за споредба, минатата сезона Ендрик играше на 22 меча во шпанското првенство за Реал, најчесто влегуваше како резерва, а постигна и еден гол.

