Младата ѕвезда на Селтик е пред трансфер во Ал-Итихад

Португалскиот интернационалец во редовите на Селтик, Жота, е пред трансфер во клубот од Саудиска Арабија, Ал-Итихад. Тој веќе ги договорил личните услови и ќе заработува по 10 милиони евра годишно.

Останува да се договорат клубовите, бидејќи 24-годишниот фудбалер има договор со Селтик до 2027-мата година. Сепак, и тоа нема да биде тешко бидејќи Ал-Итихад е подготвен да плати 30 милиони евра, колку што бара клубот од Шкотска.

Моменталната вредност на фудбалерот според Трансфермаркет е 13 милиони евра, а Селтик пред само една година го купи од Бенфика за 7.5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести