Младата ѕвезда на Сити дочекана со скапоцен подарок на собирот на репрезентацијата (Видео)

Репрезентацијата на Узбекистан ја очекуваат два меча од квалификациите за Светското првенство во 2026 година, а за првпат како фудбалер на Манчестер јунајтед ќе настапи и Абдукодир Хусанов. Младиот дефанзивец во својата земја беше пречекан како вистинска ѕвезда, а од претседателот на Фудбалскиот сојуз на подарок доби автомобил „мерцедес Г-класа“, кој зависно од опремата, достигнува цена и од 270.000 евра.

На Узбекистан засега добро му оди во квалификациите и по шест кола е второпласиран со 13 бода, три помалку од Иран и три повеќе од ОАЕ. Пласман на Светското првенство обезбедуваат двете најдобри од секоја група, па Узбекистан е на добар пат да го обезбеди првото учество на Мундијалите. Во мартовскиот прозорец ги очекува домашен дуел против Киргистан и гостување кај Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести