Големиот германски талент, Јусуфа Мукоко ги осуди навредите на расна основа упатени кон него и соиграчот од репрезентацијата до 21 година, Џесик Нганкам, на социјалните мрежи.
Мукоко и Нгамкап промашија удари од белата точка на натпреварот против Израел на Европското првенство до 21 година, кој заврши без победник, 1:1. Веднаш по натпреварот, дел од германските фанови упатија навреди на расна основа кон двајцата фудбалери бидејќи ги сметаат за директни виновници што Германија не победи.
„Кога ќе победиме сите сме Германци. Но, кога ќе загубиме, почнуваат коментарите за мајмуни, Џесик доби такви коментари, и јас добив исто така. Такви работи не се дел од фудбалот, изјави Мукоко кој е роден во Камерун.
„Не промашуваме намерно, се обидуваме да и помогнеме на репрезентацијата. Одвратно е кога ќе добиете такви пораки. Но, сега е доста, време да се спротивставиме“.
Младите фудбалери добија поддршка од селекторот на младата репрезентација на Германија, Антонио ди Салво.
„Мора да постои казна за таквите коментари. Тоа се момчиња кои играат за Германија, тие се Германци и даваат сè од себе за својата држава“, рече Ди Салво. “