35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Младинките со пораз ги завршија подготовките, во четврток започнува ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 19 години со пораз ги заврши подготовките за настапот на младинското Европско првенство кое започнува во четврток.

Нашите млади ракометарки денес загубија од Србија со минимални 30-29, откако во последните десеттина секунди беше нерешено, а србинките со звукот на сирената успеаја да резлизираат за победа. Со овој натпревар заврши и настапот на младинскиот Трофеј Карпати кој се одржуваше во романскиот град Питешти, а претходно загубивме и од домаќинот Романија и од Швајцарија.

Во текот на подготовките освен трите порази на турнирот во Романија, младинките загубија и од Унгарија и Холандија на турнирот во Дабаш (Унгарија), а таму ја забележавме и единствената победа и тоа против САД.

Европското првенство во Миовени (Романија) започнува во четврток, а Македонија е во групата “Д“ заедно со селекциите на Данска, Чешка и Црна Гора. Целта на ова првенство ќе биде да се избори опстанок и да се избегне повторното играње на ЕХФ шампионатите.

- Оглас -

Најнови вести