9.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Младински репрезентативец на Македонија го освежува нападот на Работнички

Младинскиот репрезентативен напаѓач на Македонија, 21-годишниот Димитар Трајков, премина во прволигашот Работнички, каде што ќе биде на позајмица од украинскиот тим Полисја, со кого има договор од минатата година.

Трајков потекнува од Беласица, а сениорската кариера ја почна во Брера во македонскиот шампионат. Таму остана до пролетта 2024. Минатата сезона беше играч на хрватскиот тим Дугопоље, каде што беше позајмен од Полисја, а за украинскиот тим не одигра ниту еден меч.

Во националниот тим за играчи до 21 година игра редовно, одигра цели мечеви со Полска на гости и со Италија во Битола од квалификациите за ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести